На часот по ФЗО во II-1 одделение, имавме чест и задоволство да ни гостува родителот на Давид Туцо ученик во нашето одделение на 27.02 2026 година
Со ентузијазам, и позитивна енергија, таа им претстави на учениците ритмички игри со и без реквизити(топки,обрачи низ поскоци,мачкини поскоци,детски галоп чекор)Учениците на даден знак со одреден ритам изведуваа вежби за обликување на телото со реквизити .
Од срце благодариме на Бојана Туцо што го одвои своето драгоцено време и што им подари на нашите дечиња еден незаборавен час на кој учениците ја развиваа меморијата помнејќи ги чекорите последователно.На часот го развивавме и натпреварувачкиот дух низ фер плеј игра и дружење.
Ви благодариме што сте дел од нашето училишно семејство и што ни покажавте колку е убаво кога спортот ќе се спои со детската љубопитност!





