Како дел од проектот за програмата Заштита на учениците со и без попреченост од насилство,злоупотреба и запуштање,започнавме со реализација на активности како поддршка на лицата со ретки болести. Денес V-3 имаа стручно предавање и работилница одржана од д-р Боби Блажевски. Докторот ги запозна учениците , за ретки болести кој се предизвиците на лицата со ретки болести. Под слоганот Ретко е да си редок.
Кон подршката се приклучија и нашите најмали прво одделенчиња,со испраќање на срциња во шарени бои на нивните рачиња. Преку текстот Зебрата Зара и шарите на пријателството кај учениците се поттикна емптија и прифаќање на различностите. Емпатијата не чини ништо,а значи се. Подигни свест денес,за некој утре да добие шанса.













