Училиштето мојот втор дом February 27, 2026 Маја Митевска Гигова Учениците од прво одделение, во рамките на наставата по предметот Општество, го разгледуваа училиштето и се запознаа со вработените. Ги посетија училишните простории и дознаа која е нивната намена, како и кој сè се грижи за нивното учење и безбедност. Активноста им помогна подобро да се ориентираат во училиштето и да се чувствуваат посигурно и поприфатено во новата средина.