Кампања за одбележување на Денот на ретките болести “Ретки и шарени “

👉Како дел од проектот за програмата Заштита на учениците со и без попреченост од насилство, злоупотреба и запуштање, започнавме со реализација на активности како поддршка на лицата со ретки болести.
👉 Денес учениците од V-1 и V-2 имаа стручно предавање и работилница одржана од д-р Живка Станковска. Докторката ги запозна учениците, што се болести, зошто се ретки болести, кои се предизвиците на лицата со ретки болести.
🎈Кон подршката се приклучија и нашите најмали прво одделенчиња, со испраќање на балони во шарени бои. Емпатијата не чини ништо, а значи се.
✨️ Подигни свест денес, за некој утре да добие шанса!