Шаховски турнир

♟️На ден 21.2.2026 ( сабота) во 10 часот во ООУ „Браќа Миладиновци“ се одржа шаховски турнир, со цел за развиток на натпреварувачкиот дух и смисол за фер-плеј игра, логичкото размислување и развој на интелигенцијата кај учениците.
♟️На турнирот се натпреваруваа во две категории од I -V и од VI -IX одделение. Натпреварите се одвиваа во другарска клима а учениците покажаа голем интерес следејќи го натпреварот до самиот крај.
Следуваат уште 4 кола од овој натпревар,за кои ќе бидете благовремено известени.