Шаховски турнир

На ден 7.2.2026 ( сабота) во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ се одржа шаховски турнир, организиран со цел поттикнување на логичкото размислување, концентрацијата и натпреварувачкиот дух кај учениците.

На турнирот учествуваа ученици од различни одделенија, поделени по возрасни категории. Натпреварите се одвиваа во пријатна и фер атмосфера, согласно правилата на шаховската игра. Учениците покажаа висок степен на заинтересираност, дисциплина и спортско однесување.