Интерактивни часови со примена на дигитална алатка

Во текот на месец декември имавме можност да проследиме инспиративен вебинар ,, Моќта на ВИ- интерактивни лекции со Сuripod”-дигитална алатка под координаторство на здружението Зон- учител.

Учениците од I-2 и III-2 одделение заедно со своите наставнички имаа практичен час по математика и природни науки со употреба на алатката, преку која го проширија своето знаење.

Примената на оваа алатка овозможи да се создадат интерактивни лекции кои ја подигнуваат ученичката креативност и ангажираност на повисоко ниво на размислување со зголемена мотивација.