Час посветен на нашиот патрон Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 4 Февруари – Денот на раѓањето на нашиот патрон Гоце Делчев, на 28 и 29 јануари 2026г. предметната наставничка м-р Сузана Станковиќ Стефановска на часовите по изборниот предмет ,,Пчелите и нивната улога во зачувување на природата” реализираше работилница со учениците

од VI-1, VI-2 и VI-3 одделение на тема

,,Цвеќе за Гоце”.

Со голема радост и посветеност учениците креативно ја изразија својата почит и благодарност кон нашиот патрон Гоце Делчев, за неговата заслуга за можноста тие да растат и да се едуцираат во мир и слобода, на својот мајчин јазик.

Изработените креации се поставени пред училишните бисти на нашиот херој Гоце Делчев.