На денот на климатските промени имавме интересни гости од ,, Дирекцијата за заштита и спасување” од кои учениците од IV 1 одд. научија за тоа како настануваат поплавите, како да се однесуваат за време на поплава (во домот и надвор), како да се самозаштитат. На кои се телефонски броеви да се јават во случај на пожар, поплава, земјотрес, сообраќајна незгода и др.
Учениците преку презентација, прашања и цртежи со голем интерес ја проследија и реализираа оваа активност. Тие добија флаерчиња во кои има информации за се што се разговараше за време на предавањето. Наставниците добија прирачници кои многу ќе им служат во реализација на часовите по природни науки, општество итн.
Голема благодарност до реализаторите на активноста родителот Александра Ристовска од IV 1 одд. и Дејан Стојаноски – ,,Дирекција за заштита и спасување”.




