Денес е 1 септември, најголемиот училиштен празник за секој ученик. Првиот училиштен ден нека донесе радост и неизмерна среќа.
Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост и нашата иднина. Одговорноста за децата ни припаѓа на сите нас, на семејството, училиштето и на целата заедница.
Драги првачиња, Ви посакуваме овој ден да Ви биде исполнет со многу радост, смеа и позитивна енергија што ќе Ве следи до последниот училиштен ден. Во текот на учебната година да стекнете нови знаења и лесно да ги пребродите предизвиците!
Директорката Даница Соколова и наставничките им посакаа на првачињата и на сите ученици среќен и успешен почеток на новата учебна година.