Денот на независноста, 8-ми Септември е празникот со кој се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Македонија.
Денешниов ден е потсетник на нашата волја и храброст да се исправиме пред сите предизвици и цврсто и безрезервно да се изјасниме за самостојна и суверена, современа македонска држава.
Преку песни, сликање, творење, учениците ја искажуваа љубовта кон татковината. Учениците повторуваа за значењето на овој историски ден, го објаснуваа значењето на државните симболи и начинот на нивно почитување.
Нека ни е честит и вековит празникот!






















