На ден 27.5.2025 година (вторник) во нашето училиште се реализираше симулациска тактичко- показна вежба за справување и евакуација при пожар и елементарни непогоди. Вежбата се организираше во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и Црвен Крст на општина Кисела Вода.
Целта на оваа вежба е вработените, учениците да се запознаат, да ги разработат начините на заштита и насоките на движење при евакуација од училишната зграда после случен земјотрес и пожар.
Симулациските вежби се исклучително важен инструмент за учениците, бидејќи преку нив тие учат како да реагираат брзо, смирено и организирано. Учениците и наставниците успешно се евакуираа до одреденото место предвидено во планот (училишно игралиште), каде што наставниците ја потврдија точната бројка на ученици.
Природните катастрофи може да се случат во секое време, а наша обврска и одговорност е да бидеме подготвени за нив. Акцентот се става на подготвеноста, координацијата и комуникацијата помеѓу надлежните служби. Неопходно е тие да бидат соодветно обучени, опремени и подготвени да се справат со такви ситуации.
Горди сме на посветеноста и подготвеноста што ја покажаа и училиштето заедно со сите вработени и сите надлежни служби. Вашата посветеност, професионалност и подготвеност придонесоа не само за успешна реализација на вежбата, туку и за едукација и зголемување на свеста кај учениците и вработените за справување со вонредни ситуации.


















