На ден 27.05.2025 година, класниот раководител Дејан Дамјановски со своето одделение IX-3 беа во посета при факултетот за безбедност, во Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово.
Цел на посетата беше запознавање на учениците со средствата кои ги поседува воздухопловната единица и активностите кои таа ги реализира. Учениците беа пречекани од одговорното лице Дејан , од кој им беше споделена прекрасна презентација околу хеликоптерите кои ги поседува полицијата, нивна поправка, како и спасувачката опрема кои ја имаат. Учениците во текот на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната единица и работата која ја извршуваат. Во тоа насока беа изложени неколку воздухоплови во кои истите имаа можност да влезат и одблиску да ги разгледаат.
Голема благодарност до министерот за внатрешни работи господинот Панче Тошковски кои не удостои со своето присуство, и беше дел од посетата на која им сподели кратки совети на учениците со цел кон градење на професионални капацитети и поддршка на младите во нивната професионална определба.











