Едукативен час по Етика-,, Личната етика- гласот на совеста”

На ден 14.05.2025 во 7-1 одделение во ООУ “Гоце Делчев”, под менторство на предметната наставничка м-р Сузана Станковиќ Стефановска, на часовите по ЕТИКА, беше реализирана работилница на тема “Личната етика – гласот на совеста”.

Работилницата беше креирана и реализирана со цел да им се предочи на учениците како ја формираме нашата етичка личност и како го градиме нашиот вредносен систем, а потоа преку слободна и драматизирана дискусија, со примери за добри или лоши дела во секојдневието, да сфатиме како ја активираме нашата свест и нашата совест, но и најтешката етичка казна за лошите дела – грижата на совеста.

За таа цел ученичките Теона, Каја, Драгана, Наталија и Анастасија изработија и презентираа презентации за основните лични вредности и драматизираа провокативна дискусија за меѓуврсничкото насилство, кое е резултат на нефункционалната лична етика кај секој ученик-поединец.

Прекрасен час, на кој учество зедоа сите ученици, давајќи свој многу искрен придонес во обработката на тематските прашања.