Со задоволство ве известуваме дека во нашето училиште, спортската сала и градинката „Лавче“ официјално беше пуштен во употреба нов, современ и енергетски ефикасен систем за загревање! 

Со поставувањето на новите топлински пумпи, модернизацијата на котларницата и новите термостатски вентили, им обезбедуваме на нашите ученици потопли училници, подобри услови за престој и почист воздух.
Овој значаен проект се реализираше во рамките на иницијативата „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“, во соработка со Општина Аеродром.

Продолжуваме да вложуваме во поздрава, позелена и посевремена училишна средина за сите наши ученици!


