8 Септември – Денот на независноста е симбол на раѓањето, истрајноста и континуитетот на независна и суверена Македонија. Овој голем ден нè потсетува на храброста и цврстата волја за создавање современа и самостојна држава, подготвена да се соочи со сите предизвици. Преку ликовни творби, поезија и песна, учениците ја искажаа својата искрена љубов кон татковината. Заедно го повторија историското значење на овој ден, разговараа за државните симболи и ја истакнаа важноста од нивното почитување. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста!



