Велигден е празник на надежта, добрината и подадената рака.
Во нашето училиште се реализираа прекрасни велигденски работилници исполнети со радост, креативност и празничен дух 🐣🎨🌸
Учениците со голема љубов учествуваа во бојадисување јајца 🥚, изработка на велигденски украси, цртежи и разни креативни изработки 🎨🖌️
Низ училниците владееше топла и весела атмосфера, збогатена со детски насмевки и искрена возбуда 💛
Секое дете даде свој придонес, создавајќи вистинска празнична магија ✨
Подготовките за големиот христијански празник Белигден беше крунисани со голем хуманитарен базар.
​Традиционалниот Велигденски хуманитарен базар помина во неверојатна атмосфера исполнета со насмевки, пролетна креативност и голема добрина.
🐣🌸 ​Штандовите беа преполни со уникатни велигденски ракотворби изработени со многу љубов од вредните раце на нашите ученици, а училишниот хол беше исполнет со енергијата на заедништвото.
🎨🐥 ​Упатуваме огромна благодарност до сите родители, вработени и ученици за нивниот несебичен труд, секој придонес и силната поддршка.
Денес покажавме дека кога сме сложни, можеме да направиме големи дела за оние на кои им е најпотребно.
💐🤝 ​Хуманоста нè обединува и нè прави подобри луѓе.
Нека овој Велигден донесе светлина и надеж за сите! ❤️🌷