
На 28.3.2026 година (сабота) во 10 часот, во ООУ „Блаже Коневски“ се одржаа четвртиот и петтиот по ред шаховски турнир во рамки на ученичките натпревари. Турнирите беа насочени кон унапредување на шаховските знаења и развивање на способноста за стратегиско размислување.

Учениците беа поделени во две групи (I–V и VI–IX одделение) каде што се дружеа и истовремено се натпреваруваа во двете кола, при што секоја партија се одигра до самиот крај.

Натпреварувањето продолжува со уште две кола, за кои следува дополнително известување.