„МОЌТА НА ЗБОРОТ НАМЕСТО ТУПАНИЦА“

📢 „МОЌТА НА ЗБОРОТ НАМЕСТО ТУПАНИЦА“ ✍️✨
Во време кога зборовите имаат моќ да градат мостови на разбирање, почит и пријателство, особено е важно да ги поттикнуваме младите да ја изберат силата на добриот збор наместо насилството. Преку креативното изразување, учениците покажаа дека емпатијата, толеранцијата и љубовта се најсилното оружје против секоја форма на агресија.
На ден 25.3.2026 год.(среда) во рамките на Проектот за превенција од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, се оддржа литературно читање на тема:„Моќта на зборот наместо тупаница“.❤️🤝
​Честитки до наградените ученици:
​🏆 Категорија III–V одделение:
​Ива Ристевска (III-2)
​Ева Бошковска (IV-2)
​Миа Костовска (V-1)
​Лина Смилеска (V-1)
​🏆 Категорија VI–IX одделение:
​Стефанија Даскалоска (VII-2)
​Дамјан Тасевски (VI-2)
​Сара Трајковска (VIII-3)
​Теодора Синадиноска (IX-1)
​Матео Стеваноски (IX-3)
​Михаела Бундевска (IX-3)
​Им посакуваме уште многу инспиративни творби во иднина! 🌟📚