Денес се одбележуваат 154 години од раѓањето на нашиот патрон и великан Гоце Делчев. Пред неговата биста се поклонија и положија цвеќе, градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, советниците од Советот на Општина Аеродром, Директорката на училиштето Даница Соколова и учениците од нашето училиште.
Тие, со длабока почит и благодарност, оддадоа чест на нашиот патрон Гоце Делчев кој со својата пожртвуваност, храброст и визија ја трасираше патеката по која чекориме денес.
Положувањето цвеќе не е само симболичен чин, туку тивка заклетва дека ќе ги чуваме и почитуваме вредностите за кои тој се борел. Ова е момент кога срцето зборува повеќе од зборовите. Со секое положено цвеќе, возрасните ја изразуваат својата благодарност, почит и надеж — надеж дека идеалите за правда, слобода и човечко достоинство ќе останат водилка и за идните генерации.
Горди сме што нашето училиште го носи неговото име, неговите мисли и дела се инспирација за сите генерации. СЛАВА МУ!
„ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има некаде пошироко поле за работа ,отколку во Македонија…”
,, Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”
Гоце Делчев




















