Новогодишна средба со градинка Буба Мара

👉 На ден 30.12.2025 год.во просториите на градинката Буба Мара ,клон Лавче се одржа новогодишна средба со учениците од училиштето и децата од големата група во градинката.
📮 Новогодишната средба беше организирана со цел да се создаде празнична атмосфера, да се поттикне дружењето, креативноста и радоста кај децата,се разменија новогодишни честитки и пригодни подароци подготвени од децата и наставниците.
🥳Средбата помина во весела и топла атмосфера, исполнета со радост и празничен дух.
Новогодишната средба беше успешно реализирана и остави позитивен впечаток кај децата, воспитувачите/наставниците .
🌟 Си споделивме желби и си посакавме среќни новогодишни и божиќни празници.