На ден 24.12.2025 год.(среда) со учениците од VII-3 и VIII-3 одд.од страна на училишниот педагог беше реализирано предавање /презентација на тема „
Превенција при користење на пиротехнички средства‚‚Од забава до трагедија‘‘.
Целта на работилницата беше да се запознаат со штетните последици од користење на пиротехничките средства и последиците кои ги предизвикуваат.Иако изгледаат безопасно, тие можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето, животната средина и безбедноста во заедницата.
Поради сите овие причини, важно е пиротехничките средства да се користат одговорно и законски, а најдобро решение е нивно целосно избегнување со цел заштита на здравјето и безбедноста на сите.
Почитувани родители,
Со оваа порака сакаме да апелираме на вашата свесност и одговорност во врска со користењето петарди и друга пиротехника, особено во присуство на деца.
Иако за некои тие претставуваат забава, петардите носат сериозни ризици – повреди, изгореници, трајни оштетувања на слухот, како и силен страв и стрес кај децата, постарите лица и животните. Дополнително, со ваквите примери децата учат дека опасното однесување е прифатливо.
Ве охрабруваме да бидете позитивен пример за вашите деца и да изберете побезбедни начини на славење. Вистинската радост не доаѓа од бучава и ризик, туку од заедништво, грижа и одговорност.
Со почит,
Педагог: Силвана Матиловска
