Зимски работилници

🌬 Зимата е тука со нас, но оваа зима е поинаква – снегот уште не пристигна. Сепак, тоа не значи дека не можеме да уживаме во магијата на зимските денови. Природата ни нуди свои убавини и ни дава повод за насмевки! ❄️
🌲 Во нашето училиште празничната атмосфера веќе се чувствува – елките светкаат и чекаат подароци за сите наши вредни ученици. 🎁
💫 Новогодишната магија и радост се секаде околу нас! Заедно можеме да ја почувствуваме топлината на празниците и да ја донесеме во нашето училиште. 🎅