Фудбал во училиште

Во текот на вчерашниот ден нашето училиште беше посетено од претставници на ФФМ и претставник од УЕФА, како дел од проектот „Фудбал во училишта“.

Учениците со голема радост и активности учествуваа во организираните вежби и фудбалски игри, каде што успешно ги извршија сите задачи под менторство на наставничката по физичко образование Мартина Боглева, и нашата најголема поддршка директорката Даница Соколова.

Координатор на проектот: Драган Соколов.