Училиштето е нашиот втор дом исполнет со знаења, разбирање и љубов.
Соработката со родителите е клучна алка, a во нашето училиште таа е секојдневна и претставува задоволство.
👉Денеска во III-2 одделениее беше реализиран интересен час по предметот Природни науки, каде што родителот ја имаше клучната улога и го водеше часот на тема: ,,Скелет кај човекот”.
Сликовито со објаснување преку практични примери и вежби на учениците им беше доближен непознатиот материјал, навидум тежок за паметење.
Учениците научија да ги именуваат коските, ја сфатија важноста за грижата на коските преку правилна исхрана како предуслов за правилен раст и развој на телото и најважно осознаа како да се заштитат од повреди.
✨️Голема благодарност до Радмила Велјановска медицинска сестра на одделот за трауматологија.









