🍀 Голема чест и задоволство е да се учествува во проектот ,,Градиме нови мостови” која е двегодишна иницијатива посветена на зајакнување на меѓуетничките односи и поттикнување на социјалната кохезија преку интегрирано образование и меѓукултурно вклучување на младите.
👉 Денес во просториите на ОУ ,,Живко Брајковски” беше одржана завршна манифестација на која присуатвуваа директорката Даница Соколова и координаторот на проектот Сузана Павловска, на наградените училишта им беа доделени плакети, кои свечено им ги врачи Амбасадорката на САД во Македонија Анџела П. Агелер.
👏 Голема благодарност кон сите учесници изрази и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Нека се множат проекти, нека се множат успеси🍀






