Бесплатни таблети за четврто одделение

Преку проектот ,,Бесплатен таблет за секој ученик од четврто одделение во Општина Аеродром” – нашата општина четврта година по ред им додели таблети на учениците од четврто одделение.

Ова е одличен начин да им се овозможи на сите ученици еднаков пристап до современа информатичка технологија, пристап до онлајн извори на информации и но и нивно полесно совладување и користење.

Голема благодарност до Општина Аеродром и до градоначалникот Дејан Митески за заложбата на осовременување и поквалитетен воспитно – образовен процес.