Предавање од родител-стоматолог

На ден 19.12.2024год. учениците од III – 1  и III – 2 одд. на часот по Природни науки имаа гостин стоматолог кој подетално ги запозна со оралната хигиена и значењето на забите. Учениците  ги проширија своите знаења за улогата на стоматологот, за значењето на здравата исхрана, за улогата на секој заб, за редовното миење на забите и за правилното  четкање на забите. Часот беше реализиран според темата ,,Унапредување на здравјето” и наставната единица ,,Стоматолог”.

Преку разни активности, игри и  асоцијација учениците го проследија часот, поставуваа прашања, се надоврзуваа на предавањето беа активни и заинтересирани за време на часот.

Голема благодарност до Др. Љубица Николовска и ПЗУ ,,Бубе Дентал” за соработката и реализацијата на часот.