ООУ “Гоце Делчев” – Скопје, Општина Аеродром, оваа година е дел од Erasmus+ програмата, со проектот “Together With Arts” (K229), во партнерство со Полска, Бугарија, Турција, Италија и Португалија. За таа цел, се објавува конкурс (CV апликација на англиски јазик), на ученици од VI – IX одделение, кои сакаат да бидат дел од програмата и да ги исполнуваат активностите предвидени во апликацијата. Критериумите кои треба да ги исполнат се дадени во CV апликацијата. Конкурсот важи од денот на објавување, до 9.11.2020 (понеделник), до 12:00 часот. Резултатите од примените ученици ќе бидат објавени на училишните гласила.
Заинтересираните ученици, потребно е да ја потполнат подолу објавената CV апликација.