Наградени ученици по повод Денот на Европа

По повод одбележувањето на 9-ти Мај „Денот на Европа“, Општина Аеродром распиша ликовен и литературен конкурс за сите ученици од основните училишта од Општината на тема „9 Мај – Денот на Европа“.Предвидена беше награда од страна на Општината за првите 3 места во поезија и за првите 3 места во уметност за секое училиште поединечно.

И ученици од нашето училиште зема учество со ликовни и литературни творби,
во категорија поезија од нашето училиште се наградени учениците:
Прва награда – Катерина Котеска – IX – 3 ментор Маја Наслатковска
Втора награда – Мирјана Дамјановска – VII -2 ментор Слаѓана Јовановиќ
Трета награда – Ѓорѓија Цветановски – IV – 2 ментор Даница Соколова
Во категорија уметност од нашето училиште наградени се следниве ученици:
Прва награда -Јосиф Најдовски IV-1 одд ментор Сања Атанасовска
Втора награда -Ирина Петровска V-3 одд.ментор Сузана Павловска
Трета награда -Стефанија Антовска II-2 одд.ментор Христина Анѓелеска
Наградите ги обезбедува книжарницата „Тримакс“,за категоријата поезија книги а за категоријата уметност комплети за цртање.

Им честитаме на нашите ученици за осовоените награди и им посакуваме уште многу успеси.