Патронен празник 2020 година

Денес се навршуваат 117 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев. На овој ден во 1903 година, во селото Баница, својот живот го загуби нашата незаборавна легенда, симболот на борбата на македонскиот народ за слобода. Името и дејноста на Гоце Делчев е проткаено  во нашата историја како синоним за една борба и пожртвуваност за својот народ, синоним на идеологијата за слобода.  Неговите мисли и идеали остануваат длабоко вткаени во историската свест на македонскиот народ. Затоа може слободно да кажеме дека Гоце Делчев живее….Да, тој треба да живее во секој од нас… Во нас треба да живеат неговата искреност, чесност и преведност, неговата желба за културен натпревар меѓу луѓето, и најмногу космополитизмот и градењето хумани општочовечки односи.

Горди сме и среќни што нашето училиште го носи името на овој великан, на денешен ден го одбележуваме патронатот на училиштето. Во чест на нашиот Патрон се одржа видео конференција на која Директорката Бистрица Станковска им го честиташе празникот на сите вработени, наставничката по историја Магдалена И.Трајковска прочита реферат за неговиот лик и дело а потоа Директорката заедно со стручните соработници и со претставници од наставниците положи свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев во училишниот двор.

Им го честитаме патрониот празник на сите наши ученици.