Засадување зимзелени дрвја

На ден 12.12.2019 година учениците кои што учествуваа во проектот „Природата минато,сегашност и иднина“ засадија десет зимзелени дрвја во дворот во нашето училиште. Донацијата за дрвјата беше од „Цементарница“ во знак на благодарност за успешно завршената активност во работилницата „Играв јас сега играј и ти“. Учениците и оваа активност успешно ја извршија заедно со Директорката , наставничките и одговорната за проектот. Сите ученици ќе се грижат за дрвјата, затоа што со тоа ќе придонесат за почист воздух и за здрава животна средина.