Отворен час на тема:Текстуални  задачи со мерење на должина, маса или зафатнина

На ден 28.11.2019 година беше одржан отворен час во V3 одделение по предметот математика за наставната содржина : Текстуални  задачи со мерење на должина, маса или зафатнина, кој беше планиран со годишната програма на Сручен актив на одделенска астава во Подрачното училиште.

Часот беше реализиран по станици, учениците поделени во групи ротираа на станиците и ги решаваа задолженијата кои поставени на секоја станица. Преку практични вежби за мерење и решавање проблем и текстуални задачи кои беа поставени како загатки скриени во кодови, учениците ги утврдија знаењата за мерење на должина, маса и зафатнина. Часот беше успешно реализиран под раководство на оддленскиот наставник Сузана Павловска и проследен од страна на одделенските наставници од подрачното училиште.

Претседател на стручен актив во одделенска настава за подрачното училиште: Лилјана Анчевска.