Хуманитарна акција

Во периодот од 16 до 22 октомври, во нашето училиште беше во тек хуманитарна акција. Акцијата, спроведена по повод Денот на гладта, беше дел од планираните активности по предметот Граѓанско образование,како и дел од активностите на Детскиот парламент и Црвениот крст. Собраните средства беа донирани во Црвениот крст и Хуманитарната организација „Св.Спас“ . Неколку наставници заедно со ученици од Ученичкиот парламент ја посетија организацијата „Св. Спас“ , беа срдечно пречекани од Отец Оливер Петровски кој ги запозна со нејзините цели и активности. Голема благодарност до него за одвоеното време и за предавањето кое им го одржа на учениците за хуманоста и човекољубието, кои се основа за среќа, како што се вели во нивното мото „ Вера, надеж, љубов..за сите…“
Голема благодарност до сите ученици и наставници кои придонесоа хуманитарната акција да биде многу успешна. Се надеваме дека ја разбудивме хуманоста кај учениците и донесовме насмевка на нечии лица.