Свечен прием на првачињата во Детската организација

Како и секоја година , така и оваа нашето училиште со разни активности од 7.10 до 10.10 ја одбележа Детската недела, која се одбележува во првата полна седмица на месец октомври, во сите земји членки на Обидинетите нации. Децата се нашето најголемо богатство, нашата радост, нашата иднина, сите заедно треба да се обидеме да им овозможиме да растат безгрижно, опкружени со љубов, во здрава средина во која ќе можат да си ги исполнат своите права,обврски и соништа.
Децата ги изучуваа детските права и обврски, се запознаваа со вистинските вредности во животот, твореа, цртаа, пееја, играа. По повод приемот на првачињата во Детската организација,во која од денеска стануваат нејзини членови, се одржа свечена приредба. Директорката Бистрица Станковска одржа говор за да им го честита зачленувањето и да им посака да имаат среќно детство, да бидат успешни и примерни ученици, со кои ќе се гордееме.
Учениците заедно со своите наставници подготвија неколку точки, пееја, играа, рецитираа и свиреа за своите најмали другарчиња. А воедно го одбележавме и 11 Октомври , Денот на востанието на македонскиот народ.