Вештини за унапредување на комуникацијата родител-дете

Современиот начин на живот има големо влијание врз нашето секојдневно функционирање. Еден од  многуте проблеми со кои се соочуваме во денешно време е лоша и премала комуникација, без разлика дали станува збор за комуникација помеѓу партнери, пријатели или комуникација помеѓу родителите и децата. Квалитетот на комуникацијата помеѓу родителите и децата се гради во текот на целиот наш живот, а основата на нашата врска се постигнува во раното детство. Во периодот во кој детето е најчувствително, му треба одреден мир, па така, бакнежот, прегратката, или можеби пријатен збор, многу значи. Со цел родителите да стекнат нови комуникациски  вештини  или пак, да ги утврдат оние што веќе ги поседуваат, училишниот психолог  Елена Спасовска, реализираше работилница за родители на тема : „ Вештини за унапредување на комуникацијата родител-дете “. Работилницата се реализираше на 30.1.2019г.- среда во просториите на централното училиште и на 31.1.2019г. –четврток во подрачното училиште. Беа поканети родителите на учениците од  I – VII одделение.  Присуствуваа вкупно 37 родители, со кои поразговаравме за секојдневните ситуации во кои тие се наоѓаат, како и за начините за надминување на истите.

Ви благодариме за соработката  и Ве поттикнуваме за поголемо учество во работилниците кои ќе следат!