2 МЕСТО НА НАТПРЕВАР „КРЕФ“ И ПРИЗНАНИЕ ЗА ФИНАЛИСТ

Во III – 1 одделение, учебна 2017/2018 година под раководство на одделенски наставник Тања Јовановска, се одржа отворен нагледен час од страна на ученик Сара Митковска од истото одделение. Часот беше одржан и снимен по повод меѓународниот натпревар КРЕФ организиран од Министерството во Република Србија за категорија „Ученик во улога на наставник“. Ученичката држеше час по македонски јазик за „Гатанки“.

Видеото од одржаниот час може да се види на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=inRWks_3j5o

Исто така истото одделение изврши посета на Драгстор „Цеце“. Посетата се оствари со цел да се направи видео запис за пожелно и непожелно однесување при групно пазарување. Посетата беше одржана и снимена исто така за натпреварот КРЕФ организиран од Министерството во Република Србија за категорија „Детски игран филм“.

Видеото може да се види на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=99rJ2mVsCx4

 

По добиеното известување во јуни 2018 година дека двете видеа се влезени во финале, беше организиран филмски фестивал КРЕФ во градот Штип во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет. На фестивалот беа доделувани награди и оскари за сите 5 категории. Во првото видео наставникот доби признание за ментор за пофалено видео во таа категорија како и признание за ученикот оганизатор на активноста „Во продавница“, Павел Илиевски. Второто видео со детски нагледен час доби 2 награда при што наставникот доби сертификат за ментор за освоено 2 место на меѓународен натпревар,  ученичката Сара Митковска, оваа година IV-1 одделение доби сертификат за освоено 2 место, а Ана Митковска, родител на ученичката доби сертификат за асистент на ученикот.

Одделенски наставник

Тања Јовановска