Прием на првачиња 2018

На ден 3 септември 2018 во основното училиште ООУ „Гоце Делчев “ Аеродром ( централното и подрачното), се одржа приредба по повод приемот на првачиња . Повозрасните другарчиња преку  песна, игра и смеа се потрудија да им го оживеат првиот училишен ден  на најмалите ученици. Директорот на училиштето, господин Александар Кузмановски им се обрати на родителите и на првачињата, им посака добредојде со искрени желби за  многу успех во учењето, радосни и среќни училишни денови. Одделенските наставнички топло ги прифатија своите ученици и се упатија кон своите училници на првиот училишен час.