Регионален натпревар по географија – Скопје

Согласно со програмските активности председателството на Македонското географско друштво на ден 17.03.2018 година во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен““ – Општина Кисела Вода  организираше Регионален  натпревар по географија, за учениците  на основните и средните училишта. На натпреварот ученикот Дарко Лазаревски од IX 2 одделение  ја  освои првата награда  на  ниво на Скопскиот регион со тоа се пласирaше за учество на државниот натпревар.