Отворен час во III 1 одделение

На ден 8.2.2018 г. – четврток од 9:30 до 11:20 часот во III – 1 одделение – целодневна настава беа одржани отворени часови од одделенски наставник Тања Јовановска.

На часовите беа присутни дел од стручната служба на училиштето, наставници и родители. Беа спроведени интегрирани активности по наставни предмети математика и работа со компјутер и основи на програмирање. Обработени наставни содржини беа: „Решаваме текстуални задачи со дропки ИКТ“ и „Комбинирање на текстуални и графички содржини ИКТ“.

Учениците на часот ги постигнаа очекуваните исходи: вежбаа да разликуваат  дел од цело, решаваа едноставни и сложени текстуални задачи со дропки, вежбаа пишување текст во Writer документ со различна боја, порамнуваа текст, снимаа документ, работеа во Paint, користеа алатки за цртање и боење и решаваа квиз со текстуални задачи со дропки во Google forms преку воочување на клучот од решенијата.

Часовите поминаа согласно планираните активности и очекуваните исходи беа постигнати согласно способностите и можностите на учениците.

Благодарност за присуството на гостите.