Антикорупциска едукација за учениците од основните училишта

Според насоките од МОН оваа учебна година за учениците од основните училишта се воведоа содржини од областа на антикорупциска едукација. За таа цел како таргет група беа одбрани учениците од V одд. На часовите по животни вештини беа запознаени со основни предзнаења од оваа област. Во ЦОУ во Горно Лисиче,за учениците од V-1 и V-2одд. предавање и работилница одржа родител предавач Верица Димовска, која исто така имаше свое предавање и во ПОУ во Долно Лисиче. Покрај тоа на часот во подрачното училиште , учениците од V-3 одд. се претставија со своја драмска точка, лични литературни и ликовни творби, како и квиз натпревар на кој покажаа како треба да се борат против оваа негативна општествена појава.