Работилница за физичко и здравствено образование и воспитание

На 23.11 2017 год.се одржа семинар на наставниците по физичко и здравствено образоваие, спорт и спотски активности на тема
„СРЕДНОРОЧНО И КРАТКОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ“
Активностите се реализираа во вид на работилници каде што ние како претставници од училиштата ги презентиравме своите идеи и предлози за реализација на одредени тематски целини и наставни содржини предвидени во наставните програми од наставата по физичко и здравствено образование спорт и спортски активности со цел подобрување на истата.
По одржаниот семинар, во нашетето училиште направивме десиминација од истиот,во кратки црти пренесовме искуство од семинарот за наставниците од одделенеска настава.
Наставниците по физичко и здравствено образование Светлана Босилковска и Драган Соколов одговорија и демонстрираа на повеќе поставени прашања од страна на колегите од одделенска настава.