Кодекс за ученици

  • Ученикот е должен навреме и редовно да доаѓа на настава;
  • Ученикот е должен да се грижи за училишниот простор и имот;
  • Ученикот е должен да се грижи за хигиената во училиштето и блиската околина;
  • Во училиштето ученикот треба да биде совесен, одговорен, со должно почитување кон сите;
  • Во училиштето учениците треба да доаѓаат уредни.
  • На часовите ученикот треба внимателно да слуша и навреме и целосно да ги извршува училишните обврски;
  • Да се труди да ги извршува училишните обврски;
  • Да придонесе за одржување на работната атмосфера;
  • Ученикот е должен редовно да носи училиштен прибор, учебници и тетратки;
  • Да соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во училиштето;
  • Да покаже почитување и толеранција кон другарите и наставниците;
  • Да помага на помалку успешните ученици;
  • Ученикот не смее самоволно и без вистинска причина да го напушти часот;
  • Учениците да избегнуваат  недолично однесување;
  • Учениците не смеат да користат мобилни телефони за врема на часовите;
  • Учениците не треба да носат вредни предмети и повеќе пари во училиште, а доколку им се загубат одговорноста е нивна;
  • На часовите не е дозволено да се џвакаат мастики, како и истите да се лепат на клупите и столчињата;
  • Учениците треба да го отпоздрават  наставникот кога ќе влезе во училница;
  • За време на часот не излегувајте  во тоалет;
  • Престојувај во училишниот двор за време на големиот одмор;
  • Не викај по ходниците, не трчај, придржувај се кон правилата на однесување;
  • Не приговарај на опомените на дежурните наставници и ученици;
  • Ако во дворот видиш отпад фрли го во корпа за отпадоци;
  • Штом го слушнеш ѕвончето веднаш влези во училницата;
  • Не ги навредувај и не се однесувај насилно кон помалите и послабите ученици;
  • Пристојно и трпеливо чекај пред училница пред започнувањето на часот;
  • Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на учениците и вработените во училиштето;
  • Кога наставникот зборува не го прекинувај;
  • Обраќај им се со ВИЕ на возрасните;
  • Користи молам, благодарам, повели, извини во секојдневната комуникација;
  • Поздравувај со добро утро, добар ден и до видување;
  • Не користи вулгарни зборови кога комуницираш;
  • Почитувај ги правилата кои сте ги договориле со наставникот;
  • Не носи предмети со кои би можеле да повредите други ученици;
  • Покажи толеранција кон соучениците во комуникацијата;
  • Искажи го секое незадоволство со одбрани и пристојни зборови;
  • Биди самокритичен па потоа критикувај;
  • Чувај ги своите предметии не посегнувај по туѓите;
  • Не ги потценувај способностите на своите соученици;
  • Повозрасните ученици да се однесуваат коректно кон помалите;
  • Сослушај го внимателно и почитувај го мислењето на другиот;
  • Почитувај ги различните од тебе;
  • Истакни ги позитивните особини кај себе со постапки, а не со зборови;
  • Ако не се однесусваат добро со тебе, БИДИ ПРВ кој тоа ќе го промени и однесувај се ти на вистински начин – ПРИСТОЈНО;
  • Учтивоста е особина која ја краси твојата личност, затоа однесувај се учтиво во секоја прилика;
  • Со своето примерно однесување ќе покажи почит и кон своите родители;
  • Биди искрен со своите родители, дури и да згрешиш, тие ќе имаат разбирање за твоите постапки;
  • Редовно информирај ги родителите за случувањата во училиштето;
  • Ученикот задолжително треба на родителот да му ги пренесува информациите по барање на наставникот;