Најдобри ученици на генерација за учебната 2025/2026 година

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески,  им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година. Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност.

Со особена гордост им честитаме на нашите ученици:

  • Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“
  • Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“

Ви посакуваме уште многу успеси и достигнувања, а вашиот пример нека биде инспирација и поттик за сите други ученици да чекорат по патот на знаењето.