🔥🌱 ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ДОБИВА ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРЕЕЊЕ – ЧЕКОР КОН ПОЧИСТА ИДНИНА! 🌱🔥

🔥🌱 ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ДОБИ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРЕЕЊЕ – ЧЕКОР КОН ПОЧИСТА ИДНИНА!

🌱🔥 🌱♻️ Паралелно со доградбата, во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче реализираме проект со огромно значење – воведуваме современ, енергетски ефикасен систем за греење во рамките на „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“.

🤝 Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески потпиша Меморандум за разбирање со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги за Југоисточна Европа (УНОПС).

🌿 Ова не претставува само инвестиција во објект, туку директна инвестиција во здравјето на децата и во квалитетот на воздухот што сите го дишеме.

🌡️⚙️ Со воведување на топлински пумпи, паметно автоматско управување според надворешната температура и целосно модернизирана котларница, училиштето добива систем кој значително ја намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови.

♻️📉 Во внатрешноста се заменуваат постојните радијаторски вентили со современи термостатски решенија, што овозможува оптимално користење на топлината и дополнително намалување на CO₂ емисиите. Тоа значи поефикасно греење, но и реален придонес кон борбата против загадувањето.

💵🌍 Инвестицијата од околу 180.000 долари е целосно обезбедена преку проектот „EU for Clean Air“, што претставува силна меѓународна поддршка за нашите заложби за почиста животна средина.

🏙️💡 Со овој проект, сите основни училишта во Општина Аеродром преминуваат на еколошко загревање – системско решение што носи долгорочни придобивки за секој ученик, наставник и жител.