Почит кон нашиот великан Гоце Делчев

🏫 Денеска во нашето училиште свечено го одбележавме патрониот празник – ден исполнет со гордост и почит кон ликот и делото на македонскиот револуционер – Гоце Делчев. 💐 На 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев, градоначалникот Дејан Митески, претседателката на Советот на Општина Аеродром, Сузана Павловска и директорката Даница Соколова, положија цвеќе пред неговата биста и оддадоа искрена почит кон овој голем македонски борец и великан, чија идеја за слобода и правда продолжува да нè води и да нè инспирира. 🇲🇰Горди сме што нашето училиште го носи името на еден од најзначајните македонски великани, чија борба, мудрост и идеали и денес се инспирација за сите генерации. Нека споменот за Гоце Делчев нè поттикнува да бидеме обединети, истрајни и посветени на знаењето, почитта и вистинските вредности. „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“ – Гоце Делчев