Одбележување на 8 Декември-Свети Климент Охридски

Свети Климент Охридски — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот.

Деновиве во нашето училиште со најразлични активности се одбележа денот на ГОЛЕМИОТ Свети Климент Охридски. Преку овие активности учениците повторно се потсетија на големината и вредноста на Светиот Климент Охридски!