Европскиот ден на јазиците се одбележува секоја година на 26 септември.
Целта на овој ден е да се промовира свесност за важноста на учењето јазици, мултикултурната комуникација и зачувувањето на јазичните и културните различности во Европа.
На часот по англиски јазик со учениците од 3 одделение се одбележа “Европскиот ден на јазиците”. Учениците активно учествуваа во активностите и изработија проекти со поздрави на повеќе европски јазици.