Учениците се запознаа со податоци за знаковниот јазик. Кога е прогласен за Меѓународен ден на знаковен јазик, каква азбука се користи во македонскиот знаковен јазик, како јазичен систем за комуникација на глувите и наглувите лица.
Слушнавме и видовме песни,приказни изведени на македонски знаковен јазик. Се запознавме и со гестовниот јазик како средство за комуникација и разбирање.
Испративме многу љубов и рачиња за поддршка,разбирање и прифаќање.






