22 Септември- ,,Меѓународен ден без автомобили” Овој ден е од големо значење за заштита на животната средина. ![]()
Низ низа активности ученците учествуваа преку цртање, пишување пораки, изработка на постери како и возење ролерки, тротинети и велосипеди, нагласувајќи ја притоа употребата на алтернативни превозни средства кои не и штетат и не ја загадуваат околината.
![]()
![]()
Со велосипед, тротинет или пешачење, секој од нас може да придонесе за почиста животна средина, помалку сообраќаен метеж и повеќе физичка активност во секојдневието.
Нашите ученици уште еднаш ја истакнаа својата посветеност кон спортот, одговорноста кон животната средина и желбата да бидат позитивен пример за останатите.


















